Ситуацијата во сирискиот град Седнаја, познат по своите древни христијански манастири, е под силен притисок по синоќешниот упад на голема група луѓе. Според информациите објавени на социјалните мрежи и локалните медиуми, стотици лица навлегле во градот, предизвикувајќи паника кај локалното население.

На видеоснимките кои се споделуваат на платформата „X“ (поранешен Твитер), може да се види толпа која се движи низ улиците на градот, додека во позадина се слушаат извици. Седнаја е едно од најважните христијански центри на Блискиот Исток, каде сè уште се зборува западноарамејскиот јазик – јазикот на кој зборувал Исус Христос.

Локални извори известуваат за вознемиреност меѓу жителите и калуѓерките во манастирите, стравувајќи од можна ескалација на насилство и уништување на културното и верското наследство. Засега нема официјални потврди за жртви, но материјалната штета и психолошкиот притисок врз заедницата се евидентни.

Овој инцидент доаѓа во период на зголемена нестабилност во регионот, каде верските малцинства често се наоѓаат на удар на радикални групи.

Exit mobile version