Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Прослава за 36 години ВМРО-ДПМНЕ – Голем народен собир во Струмица

    ВИДЕО: Прослава за 36 години ВМРО-ДПМНЕ – Голем народен собир во Струмица

    17.06.2026 во 10:052 Mins Read
    Христијан Мицкоски, Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска го одбележува 36-годишнината од своето формирање. По тој повод, на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир.

    Настанот е закажан за 20:00 часот, а од партијата упатуваат покана до сите членови, симпатизери и поддржувачи, како и до граѓаните кои ја поддржуваат идејата за напредок, работа и патриотизам, да присуствуваат и заеднички да го одбележат јубилејот.

    Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, собирот има за цел да покаже единство, енергија и верба во иднината на државата.

    -Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија – идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

    Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција рече дека изминатите 36 години беа проткаени со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено.

    -Ова е ден кога ја одбележуваме историјата која не обврзува и иднината која доаѓа. Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која не обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина. Во среда, 36 години подоцна, ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат. Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено, истакна Ковачки.

    Just In Picks Top News Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.