Вчера во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Ветувал стан и работа во царина, па исчезнал: Скопјанка измамена за скоро 100.000 денари
- Драма на небото над Скопје: Патници се пресметувале во авион што слетал од Германија
- Утре сонце, за викенд снег и пад на температурите
- Прва медицинска евакуација од вселената: Екипажот итно ја напушти МВС поради задрафвствената состојба на еден астронаут
- Детали за трагедијата во Кавадарци: Бебето било примено поради повраќање, состојбата нагло се влошила по два дена
- Македонија и САД ги зацврстуваат односите: Реформите и инфраструктурата во фокусот на средбата Николоски-Агелер
- Андоновски потпиша налог за блокирање на уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
- Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари

