Ветеран од Втората светска војна на 104 година го победи коронавирусот (ВИДЕО)

Ветеран од Втората светска војна го прослави својот 104-ти роденден во неговиот дом во Алабама, САД, откако беше во болница неколку дена и го победи ковид-19.

Мајорот Вутен од Медисон, Алабама, бил хоспитализиран на 24 ноември по заразувањето од коронавирусот, напиша неговата внука Холи Вутен Мекдоналд на нејзината страница на Фејсбук.

 

Нејзиниот дедо бил пуштен од болницата во средата, ден пред неговиот роденден.

Во видеото објавено од внуката, лекарите и болничарите го придружуваат на излегувањето од болницата и му посакаа среќен роденден со членовите на неговото семејство.

Мајор Вутен, кого семејството го нарекува „Поп поп“, му се заблагодари на медицинскиот персонал пред да се врати дома.

Во Втората светска војна Вутен бил обичен војник, а во војната учествувале тројца негови браќа, од кои едниот бил убиен.

Вутен бил во групата воени ветерани кои пристигнаа во Франција минатата година за да ја одбележат 75-годишнината од сојузничкиот десант во Нормандија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега