Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Во која бајка живее Мицкоски?

    13.09.2026 во 11:03

    Крвав ноќен удар по Украина: Зеленски тврди дека Русија стрема кон економско уништување

    13.09.2026 во 11:36

    Започна спасувачка операција во Јаванското Море: Изгубен е контактот со ферибот со 243 патници и екипаж

    13.09.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа
    • По педесеттата година, треба да избегнувате одредени луѓе
    • Ристески: Два јавни повици на Министерството за економија и труд за македонските производни компании
    • Активен пожар во селото Конско, гевгелиско
    • Трамп изрази оптимизам за трговскиот спор со Канада: „Веројатно многу скоро ќе видите договор“
    • „Безбеден град“ веќе казнува и во Велес, 151 прекршок за само ден и пол
    • На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
    • Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи, a потврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал да продолжиме по истиот пат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?

    Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?

    19.08.2026 во 08:421 Min Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар воведува нова дигитална алатка за граѓаните – официјална мобилна апликација преку која на едно место се обединети информациите, услугите и контактите на Општината.

    Апликацијата засега е достапна за корисниците на iOS преку App Store, додека верзијата за Android се очекува да биде достапна преку Google Play во наредните денови.

    Корисниците преку апликацијата ќе можат да ги следат општинските вести, известувања, настани и јавни повици, но и директно да користат дел од електронските услуги.

    Достапни се и брзи врски до ГИС Порталот, е-Урбанизам, е-Дозволи и „Мој Буџет“, како и до општинските услуги подредени по категории. На едно место се поставени и документи, обрасци, одлуки и контакт-податоци за Општината.

    Апликацијата овозможува и директна комуникација со граѓаните. Тие ќе можат преку неа да пријават проблеми или да испратат предлози до Општината, а достапни се и информации за пријавување корупција, отворени податоци и пристап до информации од јавен карактер.

    Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека целта е граѓаните полесно и побрзо да стигнуваат до услугите и информациите, без потреба да пребаруваат на повеќе места или лично да ја посетуваат Општината.

    Апликацијата е наменета за жителите на Центар, но и за сите граѓани кои работат, престојуваат или секојдневно се движат низ централното градско подрачје.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Орце Ѓорѓиевски објави видео од Дејвид Гета: Скопје – центар на светот

    13.09.2026 во 11:11

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.