Весна Бејби со емотивна порака за Сабина Ајрула: „Многу ја сакав, ама многу“
Македонската актерка Сабина Ајрула по долго боледување почина вчера на 75-годишна возраст, а нејзините колеги се збогуваат од легендарната актерка преку социјалните мрежи.
Нејзината колешка Весна Бејби Петрушевска ѝ посвети навистина емотивна порака.
„Си замина и таа... секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна,бунтовна, вредна,достоинствена. Со неа секогаш се смеев, знаеше да биде луцидна и игрива... На сцена и приватно... Многу ја сакав, ама многу. Прекрасница. Моето најдлабоко сочувство Вардан Тозија - ти ѝ беше целиот свет. Глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина. Тага“, напиша Петрушевска на Инстаграм.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа