Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска изјави дека се надева оти текстот на договорот за завршување на војната со Иран и повторно отворање на Ормуска Теснина ќе биде објавен оваа недела.

Тој додаде дека продолжуваат преговорите за деталите од договорот.

– Очекуваме Ормуска Теснина да биде отворена подолг временски период и преминувањето низ неа да биде бесплатно. Токму тоа ќе треба да го решиме во овие технички разговори. Постојат многу важни детали што треба да се разработат. Ќе седнеме на преговарачка маса, ќе разговараме за нив заедно и ќе најдеме пат, посочи Венс.

Тој наведе дека иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, и претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, ќе ја претставуваат Исламската Република на потпишувањето на договорот во Швајцарија в петок.

Но, Венс не прецизираше кој ќе ги претставува САД на церемонијата на потпишувањето на договорот.

Exit mobile version