Изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на прерано починатиот наш другар и сопартиец, Горанчо Крстев – Грга. Ова со тага на социјалната мрежа Фејсбук го напиша Венко Филипче.
– Грга беше човек со големо срце, секогаш меѓу луѓето, со искрена желба да помогне секому. Како претседател на Општинската организација на СДСМ во Чешиново-Облешево и како поранешен градоначалник на оваа општина, се бореше за подобри услови за живот за сите граѓани. Ќе го паметиме по неговата човечност, по подадената рака и по истрајноста со која работеше за доброто на заедницата. Неговиот придонес и во партиските активности и во развојот на општината ќе останат запаметени за сите нас кои имавме чест да соработуваме и другаруваме со него. Нека му е вечна слава. Нека почива во мир, напиша тој.
Горанчо Крстев, познат како „Грга“, беше македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево. Тој ја извршуваше функцијата градоначалник од 2017 до 2021 година како кандидат и член на Сојузот на Социјалдемократска Македонија (СДСМ).
Крстев беше активен и во локалниот политички живот и се споменуваше како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Чешиново‑Облешево на изборите во 2025 година.
Почина на 55‑годишна возраст додека престојувал во Турција.

