Велосипедист се бори за живот, откако охриѓанец го удрил со автомобил „шкода октавија“

На 27.09.2022 во 21.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 19.00 часот на кружната крстосница од ул.„15 Корпус“, ул.„7 Ноември“, ул.„Железничка“ и ул.„Ристо Чадо“ во Охрид, патничко возило „шкода октавија“, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, дополнуваат надлежните.  

28.09.2022 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега