Велјановски за скандалот на Шапка: Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме

 
„Има ли држава и институции! Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии.
Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме и подигањето на знаме на друга држава во црквата свети Наум Охридски на Попова Шапка“, реагира Александар Велјановски во врска со симнувањето на црковното знаме на Шапка од страна на две непознати лица.
 
„Истите институции и политички партии кои беа гласни за тоа што се постави Крст во двор на црква на Попова Шапка што е легитимно право на една верска заедница да постави верски симбол очекувам да бидат поактивни и погласни кога спротивно на закон се спушта црковно знаме и на негово место се подига знаме на друга држава.
Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени?“, се наведува во објавата на Велјановски вечерва на ФБ.

28.11.2023 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега