Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Власта одби минималец од 600 евра, имаат пари за авиони и луксузи, но не и за работниците

    24.02.2026 во 16:46

    Насилство во Карпош: Малолетници нападнале врсник и го снимале со телефон

    24.02.2026 во 16:42

    Тинејџери сееле страв низ Прилеп: Напаѓале и ограбувале жени во домови и на улица

    24.02.2026 во 16:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Власта одби минималец од 600 евра, имаат пари за авиони и луксузи, но не и за работниците
    • Насилство во Карпош: Малолетници нападнале врсник и го снимале со телефон
    • Тинејџери сееле страв низ Прилеп: Напаѓале и ограбувале жени во домови и на улица
    • Ужас во Делчево: Баба тепала дете кое се играло со нејзиното внуче во дворот
    • Подгответе се: Утре ќе нема струја до 15:30 часот, проверете дали сте на листата за исклучувања
    • (ФОТО) Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис
    • Трамп сака да ја заврши војната во Украина за големиот јубилеј на САД
    • Прифатете го Законот за минимална плата од 600 евра, поскапувањата се побрзи од законското усогласување, вели Спасовски
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

    Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

    28.12.2025 во 11:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ангола и Намибија постигнаа договор со Велика Британија за прифаќање на нивни државјани кои нелегално престојуваат во земјата, како и лица осомничени или осудени за криминал, откако Лондон се закани со воведување визни санкции за државите што одбиваат соработка, соопшти британското Министерство за внатрешни работи.

    Истовремено, британските власти објавија дека на Демократска Република Конго ѝ е укинат забрзаниот режим за добивање визи, како и преференцијалниот третман за државни службеници и носители на одлуки. Оваа мерка е воведена поради, како што наведуваат британските медиуми, недоволна соработка со Лондон во делот на враќање на лица без право на престој.

    Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд порача дека Велика Британија е подготвена дополнително да ги заостри мерките, вклучително и целосно запирање на издавањето визи за ДР Конго, доколку не дојде до итно подобрување на соработката.

    „Очекуваме земјите да ги почитуваат меѓународните правила. Доколку нивен државјанин нема право на престој во Велика Британија, тие имаат обврска да го примат назад“, истакна Махмуд.

    Според британските медиуми, договорите со Ангола и Намибија претставуваат прва конкретна промена во рамките на новите миграциски реформи објавени минатиот месец. Тие предвидуваат воведување привремен бегалски статус и забрзување на депортациите на лица кои нелегално влегле во земјата.

    Министерката за надворешни работи Ивет Купер изјави дека Велика Британија во текот на минатата година депортирала повеќе од 50.000 лица без законско право на престој, што претставува пораст од 23 проценти во споредба со претходната година. Таа додаде дека на дипломатските претставништва им било наложено прашањето за враќање на мигрантите да биде врвен приоритет.

    Популарно

    Панчевски: Три пати ме ставија во Шутка поради Заев – Да не му треба и негувателка на Груби?

    24.02.2026 во 10:49

    Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000 денари – парите ќе одат за здравството и образованието

    24.02.2026 во 11:59

    Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    24.02.2026 во 08:37

    Најавени исклучувања – Повеќе населби во Скопје без струја

    24.02.2026 во 08:59

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.