Велика Британија поддржува членство на Косово во НАТО
Косовската претседателка Вјоса Османи се сретна со директорот за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Џилс Портман.
Тој истакнал дека Велика Британија е поборник на пристапот на Косово во НАТО, со што ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко.
Изразил и поддршка од Велика Британија во јакнење на меѓународниот субјективитет Косово, пренесуваат српските медиуми.
Исмани, пак, изразила благодарност на историската поддршка од Велика Британија, вклучувајќи го и ангажманот во НАТО и континуираната поддршка од прогласувањето на независност.
19.05.2021 - 22:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа