Велешкиот суд му одреди притвор на Панчевски

Велешкиот суд му определи притвор на експретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски откако не се појавил на денешното рочиште а не бил присутен ниту неговиот бранител, јавува Телма.

Информацијата први ја објавија од Коалицијата за правично судење кое го следи овој судски процес.

 Од велешкиот суд потврдиле дека му е определен притвор заради обезбедување на присуство на судење.

Притворот трае од денот на приведувањето до објавувањето на предудата, но не може да трае подолго од 30 дена. Пред една година скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со АКМИС-от, системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд.

Иако судењето требаше да почна наесен до сега овој судски процес се уште не е започнат со главна расправа.

 Апелација одлучи на Панчевски да му се суди во велешкот суд за да се избегне евентуална непристрасност бидејќи е поранешен претседател и поранешен судија во Скопскиот основен суд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега