Вчера во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес. При преземање мерки во врска со несреќата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Актуелно
- Груби виден во Приштина – си го сменил имиџот
- Бугарки „оперирале“ низ Скопје: Краделе паричници во автобуси и по молови, па им ги празнеле сметките на пензионерите
- (ВИДЕО) Гори фабриката „Комодита“, пламените јазици го голтаат објектот
- Проверете каде моментално провејува снег
- Одложете ги патувањата кон Грција: Затворен преминот Богородица (Евзони) за сите возила, блокада и на Меџитлија
- (ВИДЕО) Морбидно: Додека 40 лица гореле во барот во Швајцарија, сопственичката избегала со касата полна пари
- Николоски од Скудриње: Патиштата се чисти и проодни, „Македонија пат“ е на терен со целиот капацитет
- Ужас во Виена: Пронајдено мртво 16-годишно девојче во хотелска соба – откриена морбидна шема на дилерите

