Вчера во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес. При преземање мерки во врска со несреќата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
- Трамп со остри пораки за Иран: „Луѓето што ги гледавме како богови, веќе ги нема“
- Општина Аеродром објави оглас – Ова се условите
- Трамп по нападот врз Иран: Прекинете ги сите деловни врски со Шпанија
- Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово
- Ревизија: Во министерството на Груби 61% од вработените не се знае дали оделе на работа
- Ја бараа со денови па ја најдоа закопана во двор – Судење за убиството во Штип
- Крвав бран на Блискиот Исток: Шест загинати во Либан, дете жртва во Кувајт
- Изгоре легендарниот штипски ресторан – Правеа една од најдобрите пастрмајлии

