Велешанец фатен како превезува мигранти: во камионот имало над 40 луѓе
Велешанец фатен како превезува мигранти на регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце.
На регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го уапсиле Д.С.(27) од Велес.
При контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници.
Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
21.09.2023 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа