Веќе вакцинирани, а сепак се заразуваат со коронавирусот- Српска лекарка откри зошто е тоа така

 

Д-р Марија Гњатовиќ, соработник на Институтот за примена на нуклеарна енергија во Србија,  објасни дека на вакцините против коронавирусот им треба време да започнат со работа.

- Комплетен имунитет по две дози вакцина Синофарм, која ја примија најголемиот број граѓани, се јавува по околу еден месец - вели Гњатовиќ.

- Знам дека има пријавени случаи на заразување на граѓани помеѓу примање на две дози или веднаш по приемот на втората доза, но засега нема информации дека има и такви кои се заразени меѓу лежечките пацинти има такво кои ја примиле втората доза на вакцината, а поминало доволно време - рече таа е лекар на Прва ТВ.

Таа посочува дека се очекува да постои можност за инфекција доколку го „фатите“ вирусот неколку дена по втората доза.

- Квалитетот на вакцините не смее да се доведува во прашање поради тоа, но едноставно нема механизам што ќе ве заштити се додека не се развие имунолошкиот одговор по вакцинирањето - нагласува Гњатовиќ.

За оние кои ја примиле првата доза, а потоа се здобиле со оваа болест, се препорачува да се прими втората доза кога ќе се опорават.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2021 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега