Вечерва состанок на ВМРО-ДПМНЕ за следните чекори во однос на изборите

Вечерва во 18 часот ИК на ВМРО- ДПМНЕ закажа состанок по лидерската средба на којашто се утврдени датумите за одржување на двојни избори.

На состанокот ќе бидат утврдени чекорите коишто ќе ги преземе ВМРО- ДПМНЕ во следниот период. Во насока на информирање на јавноста, во 19 часот ќе биде дадена изјава за медиумите.

На вчерашната лидерска средба се утврдени двојни избори на 8 мај, претседателските и парламентарните избори.

05.12.2023 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега