Актерот Кирил Поп Христов познат како Кили, почина на 11 Март 2026 година, 58.годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Кили почина во сон од инфаркт.

-Ништо веќе не е исто, се’ е сменето за Јоана и мене тука на Еквадор, куќата е празна, мрачно… само е дрвото останато исто, големо, зелено, напиша сопругата на Кили, Гордана Деан Поп-Христова, а во прилог стои фотографија од Кили.

Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје.

Познат е по улогите во Тетовирање, Македонска Сага, Пикасо и Трст виа Скопје.

Кили останува запаметен како еден од значајните македонски актери на својата генерација, со бројни улоги кои го одбележаа театарското и филмското наследство во земјата.

Нека почива во мир.

Exit mobile version