Вчера граѓаните „беснееле“ по патиштата

Вчера граѓаните „беснееле“ по патиштата. Ова го констатиравме по бројот на казни напишани во текот на изминатиот ден. Дури 310 возачи ќе платат казна за возење со поголема брзина од дозволената. Очигледно на никој не му се чекало.

Од МВР отрија детали, со која брзина возеле санкционираните возачи.

16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 148 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место“ – известија надлежните власти и ги потсетија граѓаните дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

15.09.2021 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега