Пристигнати се десеттина барања од болни и изнемоштени лица, кои сакаат да го искористат своето право на глас во домашни услови, изјави денеска за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев. Тој посочи дека пријавувањето е во тек, а треба да заврши на полноќ на 10 октомври.

-Тоа е денот кога Општинската изборна комисија ќе има дежурство до 24 часот, на полноќ, а од денеска, па се до четврток ОИК – Штип ќе работи од 9 до 21 часот, заради примање на ваквиот тип на гласање, вели Вацев.

Тој додава дека условите за пријавување на болните и немоќни лица за гласање во домашни услови на 18 октомври се согласно Правилникот од Државната изборна комисија, односно мора да имаат потврда – извештај од лекар на медицина-специјалист, не од матичен лекари, како и валидно решение за користење на туѓа нега или валидно решение за мобилност. Документите, лична карта во копија на болното или немоќно лице, како и на пријавителот, ги приложуваат до ОИК или во електронска форма.

Болните и немоќни лица, како и осудените лица низ Казнено-поправните установи во земјата гласаат ден пред изборите, или на овие Локални избори своето право на глас ќе го искористат на 18 октомври.

Вацев додава дека во тек се и обуките за членовите на Ибирачките одбори, досега се одржани 20 обуки, а остануваат уште седум обуки, кои ќе се организираат во текот на оваа недела

Exit mobile version