Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ информира дека ќе спроведе превентивно чистење на водоводната мрежа.
Зафатот ќе се реализира на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови.
Поради оваа интервенција, од претпријатието упатија апел до сите граѓани и посетители да не ја користат водата за пиење.
Од ЈПКД „Маврово“ потенцираат дека во овој период водата од мрежата треба да се користи исклучиво како техничка вода.
По завршувањето на теренските активности, јавноста ќе биде дополнително известена кога водата повторно ќе биде безбедна за консумирање.


