Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот кон Пелистер.
Несреќата била пријавена во СВР Битола во 14:45 часот.
Според полицискиот извештај, 41-годишната И.Ѓ. од Битола, управувајќи четирицикл на регионалниот пат Битола – Пелистер, изгубила контрола врз возилото и се превртела.
По несреќата, жената со возило била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на сообраќајката извршила увидна екипа од СВР Битола.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот.


