Ватикан: Здравјето на папата Франциск стабилно, нема нови компликации

 


Папата Франциск помина уште една ноќ во болница без никакви нови компликации, соопшти денеска Ватикан.

-Ноќта беше мирна, папата се одмара, се вели во кусото соопштение. Не се откриени повеќе детали за здравјето на 88-годишниот поглавар на Католичката црква.

Вечерва се очекува да биде објавен нов медицински билтен.

Папата повеќе од три недели е на лекување во болницата Гемели во Рим. Тој боледува од тешка пневмонија.

Ватикан синоќа за прв пат не објави дневен билтен за здравјето на папата. Сепак, извори блиски до Франциск рекле дека неговата состојба останала стабилна во текот на денот, пренесе ДПА.

08.03.2025 - 13:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега