Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, денеска на прес-конференција ја обвини опозициската СДСМ дека води политика на деструкција и калкулации наместо да даде поддршка за клучните закони од Реформската агенда за ЕУ.

Според неа, додека СДСМ постојано зборува за европскиот пат на прес-конференции, нивните пратеници одбиваат да гласаат во собраниските сали кога реформските закони се ставени на дневен ред.

Василевска ги објави деталите и бројките од вчерашното гласање во Собранието за клучните законски решенија:

  • Предлог-закон за судска служба: дополнет со 61 глас „за“ и 12 „против“.
  • Предлог-закон за јавнообвинителска служба: дополнет со 62 гласа „за“ и 13 „против“.
  • Предлог-закон за високи раководители: усвоен со 62 гласа „за“, пратениците од СДСМ не гласаа.
  • Предлог-закон за користење на енергија од обновливи извори: дополнет со 62 гласа „за“, без поддршка од СДСМ.
  • Предлог-закон за оружје: усвоен со 70 гласа „за“, пратениците од СДСМ не гласаа.

Пратеничката нагласи дека опозицијата дополнително ги бојкотирала и процесите за креирање на законите, како што беше случајот со работната група за Изборниот законик.

Во својот интегрален говор, Василевска директно праша:

„Јавноста има право да знае, дали за СДСМ европски пат е да не се поддржи ниту едно решение и да се бега од работните групи, а и да не се гласа за реформските закони?“

Таа додаде дека Европскиот совет и Европската комисија веќе ја препознаваат динамиката со која Македонија ги реализира реформите, што резултираше со најголем износ на финансиска поддршка од Планот за раст во регионот.

Exit mobile version