Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


