На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка.

Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version