Василевска: Новиот договор кој го промовира ВМРО-ДПМНЕ е трасирање на патот по кој треба да се движи државата

Иванка Василевска, пратеник во македонското собрание од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Нов договор- заеднички патриотизам“ вели дека новиот договор кој што го промовираше претседателот Христијан Мицкоски на 17тиот Конгрес претставува трасирање на патот по кој треба да се државата, односно како што рече таа новиот договор е размислување за идните генерации бидејќи им го должиме тоа.

-Зошто сме денеска на ова дереџе и зошто е апатијата кај македонските граѓани толкава? Веќе забележавте дека Македонците без разлика на етничката припадност, младите генерации што побрзо гледаат да заминат од државата, и тоа не затоа што не се испочитувана нивната етничка, верска припадност, туку затоа што немаат рамномерен статус во општеството и не можат да се класираат ниту на пазарот на труд, ниту пак да ги исполнат сите свои соништа. И затоа одат некаде во друг правец, барајќи ја својата среќа и тоа е многу поразително, бидејќи ние можевме и моравме да знаеме претходно дека требаше да мислиме малку понапред, рече Василевска.

-И токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој  период од инсталирањето на хибридната власт на чело со Зоран Заев во 2017та година извршивме една длабока трансформација и во менталната матрица, но и во она што е особено значајно, а тоа е да размислуваме не само за утре, туку да размислувам за 10 години, па и за 20 години од денес, бидејќи тоа им го должиме и на идните генерации кои доаѓаат, вели Василевска.

18.12.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега