САД постигнале значаен напредок кон постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина, соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Во текот на изминатата недела, САД постигнаа огромен напредок кон доведување и на Украина и на Русија на преговарачка маса“, напиша Ливит на платформата X, додавајќи дека остануваат уште неколку „деликатни, но не и непремостливи“ детали кои бараат дополнителни разговори.

Според претходни информации на Би-Би-Си, висок американски функционер тврдел дека Украина веќе се согласила на мировен договор со Русија, но дека мал број преостанати точки сè уште се усогласуваат.

Шефот на украинскиот Совет за безбедност, Рустем Умеров, потврди дека САД и Украина постигнале „заедничко разбирање за клучните услови“ на договорот што бил тема на разговорите во Женева. Тој прецизира дека делегациите усогласиле „основни услови“ на мировниот план.

Умеров дополнително соопшти дека украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела ќе отпатува за Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, како дел од финалните консултации околу договорот.

Exit mobile version