Вархељ: Инвестициски пакет од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

 

Европската комисија почна нов финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката за приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра.

Како што се наведува во соопштението на Европската комисија, ова е петти инвестициски пакет во рамките на економскиот и инвестицискиот план на Европската Унија за Западен Балкан.

„Проектите се подготвени во тесна соработка со партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции со цел да се забрза европската перспектива на регионот“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархељ, рече дека новиот инвестициски пакет испраќа јасна порака до партнерите од Западен Балкан дека нивната иднина е во Европската Унија.

„Овие проекти подобро ќе ги поврзат земјите од регионот едни со други и со Европската Унија, ќе помогнат во декарбонизацијата на своите економии и ќе обезбедат поддршка за конкурентноста на приватниот сектор во регионот“, рече Вархељ.

Тој ги повика партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции да почнат проекти што е можно повргу за граѓаните и компаниите да имаат корист од овие инвестиции.

03.07.2023 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега