Варџиски: Нашиот пристап во дигитализацијата е ориентиран кон потребите на граѓаните
“Формирањето на Министерството за дигитална трансформација е стратешки чекор кој ја потврдува определбата на Владата да ја постави дигитализацијата како еден од своите највисоки приоритети. Нашиот пристап е ориентиран кон потребите на граѓаните и токму затоа со интегриран систем сакаме да го олесниме пристапот на корисниците до онлајн услугите за граѓаните, до информациите поставени на официјалните веб страни на министерствата и Владата, како и да ја убрзаме и подобриме размената на податоци помеѓу институциите.” истакна Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК), во рамки на втората тема посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги.
“Во таа насока работиме на создавање единствена централизирана и унифицирана платформа на владини веб страници, кои ќе бидат заштитени преку еден софистициран систем, ќе бидат оптимизирани, и со поголема пристапност за лицата со попреченост. Наскоро ќе следи и редизајн на порталот uslugi.gov.mk согласно последните трендови и практики, со тенденција да стане единствена точка помеѓу јавните услуги во државата и граѓаните, а притоа да биде интуитивен и лесен за употреба.” истакна Варџиски.
“Со оваа апликација ќе се отвори можност за воведување на ИД - паричник, дигитална верзија на лични карти и возачките дозволи со кои граѓаните ќе се идентификуваат при користење на дигитални услуги преку својот мобилен телефон, а истата ќе биде поврзана и со порталот uslugi.gov.mk.” додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа