Ванковска: Поради овие скали многу мои соседи не ставија потпис и се вратија тажни

Соседи на професорката, Билјана Ванковска, не успеале да го дадат својот потпис за нејзината кандидатура поради големиот број на скали во објектот, објави Ванковска.

Професорката вели дека старите и болните не можеле да ги искачат.

„Овие скали вратија многу мои соседи од Карпош – стасале дотаму, но стари и болни, не можеле да ги искачат скалите и се вратиле тажни. Ние не сме свесни колку старееме како нација и колку малку грижа водиме за повозрасните и немоќните. Не само денес и за оваа работа! За секоја! Затоа бунтот на пензионерите заслужува секој респект и поддршка – тие луѓе што си го вградиле животот во оваа заедница се сега маргинализирани“, рече Ванковска.

Понатаму, таа во статус на социјалните мрежи напиша и дека добила три многу драгоцени потписи од нејзини драги соседи, кои дента и дале поддршка, откако вечерта го изгубиле својот син.

 

28.02.2024 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега