Србија и регионот се завиени во црно по трагичната вест за мајката и ќерката кои заедно го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа кај Шабац, случена токму на Празникот на жената – 8 Март.
Марина М., на 49 години, и нејзината ќерка Валентина М., на 25 години, загинаа на самото место кога возилото во кое патувале, автомобил „Голф 6“, претекнувало друго возило и удрило во автомобил од спротивната насока во близина на Корман Поље, пишуваат српските медиуми.

Според извори запознаени со случајот, пред нив се движела кола која сакала да сврти десно, а Валентина се обидела да ја заобиколи од левата страна, при што налетале на друго возило. Мајката и ќерката, за жал, не преживеаја и починаа на лице место, а автомобилот беше потполно уништен од силата на ударот.
Во друго возило, „Ауди“, биле маж и жена кои се здобиле со повреди и веднаш биле пренесени во болницата во Шабац за лекување.
Трагедијата ја прави уште потажна со фактот дека младата Валентина требало наскоро да ја каже судбоносното „ДА“ и да започне нова фаза од животот – бракот.
Според семејството, тие тргнале кон роднини и пријатели за да се видат на скара. Сопругот на Марина, кој ја барал, не ја добил на телефон, а потоа добил и повик за трагичната несреќа, доживувајќи шок.
Оваа несреќа предизвика големо жалост и потрес низ целата заедница, а приказната за мајката и ќерката кои заминаа заедно во смрт буди длабока тага кај сите кои ја слушнале.

