Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д.(55) од Јосифово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.М.(51) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на неговиот недвижен имот, иако претходно имал изјава дека нема да отуѓува, заложува или друг начин го дава на располагање без писмена согласност на ремитентот (кредит), по што лицето склучило договор за продажба на недвижен имот со неговиот татко, а преку нотар било извршено потврдување или солемнизација на договорот и истиот бил електронски спроведен во Одделението на Катастар на недвижности за запишување на промена.
Додека, првопријавената К.Д., како самостоен референт за геодетски работи, извршила промена во катастарот, односно спорната парцела била вратена на претходниот сопственик, односно на второпријавениот З.М..
Актуелно
- Се запали ауди во Скопје
- Четири хороскопски знаци ќе бидат „магнет“ за додворувачи во февруари
- Зеленски со јасен рок: Украина во Европската Унија до 2027 година
- Заврши седницата на Влада – паднаа повеќе одлуки
- Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото
- Зеленски: Украина планира членство во ЕУ до 2027 година
- Запленети 140 килограми експлозив и оружје во напуштена куќа во Зубин Поток
- Седум навивачи на ПАОК загинаа во страшна сообраќајка во Романија

