Вакцинираниот папа Франциско во близок контакт со верниците по мисата во Италија

Папата Франциско се ракуваше со многу верници за време на мисата во Рим во неделата и им дозволи да ги бакнуваат неговите раце, и покрај пандемијата што не опаѓа во Италија.

Осумдесет и четиригодишниот Папа, кој е вакциниран против коронавирусот, не носеше заштитна маска и се смееше кога верниците му се приближуваа по мисата во неделата.

Според новинската агенција АНСА, околу 80 лица дошле на миса во црквата Санто Спирито во Сасија, недалеку од Ватикан. Меѓу нив имало осуденици, мигранти, хуманитарни работници, лекари и чесни сестри.

За време на црковната служба, луѓето носеле маски и се држеле на растојание, сепак многумина подоцна му пришле на папата, кој ужива да биде близу до луѓето, за да го допрат.

Поради пандемијата, строгите ограничувања на контактите сè уште се на сила во Италија.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега