Вакцината на Фајзер против коронавирусот пристигна во Велика Британија - дозите сместени во централното складиште на непозната локација
Првиот контингент на вакцината против коронавирусо на американската компанија Фајзер и Бионтег пристигна во Велика Британија.
Вакцините се однесени во централното складиште на непозната локација од каде ќе бидат дистрибуирани во болничките центри за вакцината ширум Обединетото Кралство, пренесува Би-Би-Си.
Британија во средата ја одобри оваа вакцина и нарача 40 милиони дози што ќе биде доволно за вакцинација на 20 милиони луѓе.
Вакцините се произведени во Белгија, а во Британија стигнале преку железничкиот тунел Ламанш.
04.12.2020 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа