Вака изгледа Петиња утрово после разорниот земјотрес- почувтвувани над 40 земјотреси во текот на ноќта

Хрватска вчера беше погодена од силен земјотрес. Во 12 часот и 19 минути, сеизмолозите забележале разорен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри. Јачината на земјотресот била 6,2 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил VIII-IX степени од скалата ЕМС.

После тој земјотрес, следеа многу послаби, и сите земјотреси имаа епицентар во близина на Петриња и неговата околина.

Во периодот од 12,23 до 12,58 часот, се случи најголем број на последователни земјотреси, дури 10 - со магнитуда поголема од 3 степени по Рихтеровата скала.

Најмалку седум лица беа убиени. Тоа е бројка што е потврдена и не е исклучено подоцна да бидат откриени повеќе жртви.

Меѓу загинатите е и 12-годишно девојче во Петриња, 20-годишно момче од една куќа, дедо од друга, како и татко и син од иста куќа во Мајске Полјане кај Глина, потврди за Индекс заменик-градоначалникот на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ.

Подоцна беше потврдено дека друго машко лице починало во Мајске Полјане.

По седумчасовно пребарување, беше пронајдено тело на човек кој почина под урнатините на црквата во Чачина.

Најмалку шест лица се тешки, а 20 се лесни, соопшти МВР.

 "Од полноќ имало 40 земјотреси во областа Петриња над 2 и 10 над 3 степени по Рихтер, а од 6,15 два до три посилни. Серијата продолжува, бројот на земјотреси е огромен", изјави сеизмологот Фикет за ХРТ.

Во последните 49 часа во Хрватска се почувствуваа 40 земјотреси

Утрово, Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека земјотресот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, кој ги разбуди жителите на централна Хрватска во 6:15 часот утрово, е 38. земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 49 часа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега