Денес времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисток. Утринската температура ќе се спушти до околу 0 степени, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Според прогнозата, до петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Утрите ќе бидат посвежи, при што на некои места минималните температури ќе паднат под нулата.
За време на викендот се очекува променливо облачно време, со можност за појава на слаби локални врнежи од дожд, соопштува УХМР.

