Денеска низ Македонија се очекува сончево и невообичаено топло време за овој период од годината. Синоптичарите најавуваат максимални температури кои на места ќе достигнат до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, со минимална температура од 5 степени, додека во текот на денот максимумот ќе се искачи до 25 степени.
Сепак, според најавите на УХМР, ова е последниот стабилен ден пред големата промена.
„Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање“, информираат од УХМР.

