Уживајте викендов: Од понеделник доаѓа студен бран

Вистинската зима или барем нешто што повеќе ќе наликува на зима од временските услови кои сега ги имаме ќе можеме да очекуваме од понеделник. По релативно топлиот и врнежлив викенд кога ќе имаме температури над 15 степени и многу дожд особено во недела, од понеделник почнуваме со ведро и студено утро и температури кои ќе бидат околу нулата. Веќе во вторник доаѓа најстудениот ден оваа зимска зсезона. Наутро се очекуваат температури од минус 5 а дневните нема да надминат 5 степени. Од средина на идната недела повторно ќе имаме наоблачување што ќе ги покачи температурите но тие веќе нема да поминуваат 10 степени. Нови врнежи може да се очекуваат и наредниот викенд.

08.12.2022 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега