Ужасна несреќа во Ниш: Автомобилот целосно смачкан- повредените ги ваделе пожарникари има и мртви

 

Едно лице загина, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 22 часот на стариот пат Ниш-Алексинац во Србија.

Несреќата се случила кога директно се судриле автомобил „опел астра“ и цистерна. Повредените и загинатиот се наоѓале во патнички автомобил.

По судирот, автомобилот излетал во канал покрај патот и целосно е уништен. Пожарникарите ги извлекле повредените а Нишката брза помош интервенирала со две амбулантни возила и ги пренела во Универзитетскиот клинички центар.

Во тек е истрага за утврдување на сите точни детали за оваа ужасна несреќа.

16.06.2021 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега