Трагичната смрт на 16-годишно девојче во хотел во Виена ја крена Австрија на нозе и ги откри застрашувачките методи на нарко-картелите. Иако околностите за нејзината смрт сè уште се истражуваат, австриските медиуми пренесуваат сведоштва кои укажуваат на организирана мрежа за експлоатација на малолетнички.
Според психијатрите, девојчињата на возраст од 14 до 16 години се примарна мета на дилери кои ги мамат на железничките станици со ветувања за бесплатна дрога и „добар живот“ во главниот град, што најчесто завршува со фатален исход или брутална злоупотреба.

