Дванаесетгодишно момче денес беше нападнато од ајкула во источните предградија на Сиднеј и е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот, соопшти полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс.
Момчето претрпе сериозни повреди на двете нозе во нападот од ајкула, објави „Гардијан“.
Тој беше извлечен од водата на плажата „Ајкула“ во паркот „Нилсен“, во источните предградија на Сиднеј, и беше однесен во Детската болница во Сиднеј за лекување на сериозни повреди, изјави портпаролот на Службата за брза помош во Сиднеј.
Плажата каде што се случи нападот од ајкула е затворена, а полицијата им советуваше на капачите да избегнуваат влегување во вода.

