Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.
До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.
По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Актуелно
- По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
- Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
- Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
- На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
- Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
- Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
- Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
- Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

