Ужас кој ја потресе цела Србија: Младо момче со нож си ги убило мајката, таткото и дедото
Момчето Илија Г. (21) е осомничен дека во Атеница, општина Чачак, Србија ги убил своите татко, мајка и дедо, по што бил уапсен.
Илија по злосторството избегал, а полицијата го лоцирала утрово околу 9 часот, додека телата на членовите на семејството биле пронајдени од неговиот брат.
„Илија е познат како проблематично момче, но никој не очекуваше ваква трагедија“, вели нивна соседка.
Осомничениот тренирал фудбал и потекнува од добро семејство, раскажуваат останатите соседи за српските медиуми.
09.04.2022 - 11:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа