Утрово студено, попладне сончево со локална облачност


Времето утрово студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје наутро ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 19 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

21.03.2024 - 08:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега