Утринава мраз, а попладне сонце со заби- метеоролозите со информации каково време не очекува наредните неколку дена

Наутро студено и понекаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега