УХМР за утре најавува студено утро.

Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

„Во текот на ноќта кон понеделник и во првите два дена од следната седмица ќе има повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината. Пораст на дневната температура се очекува од четврток„, стои во соопштението од УХМР.

Leave A Reply

Exit mobile version