Времето утре ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што на планините и на дел од повисоките населени места снежната покривка може да се зголеми и до 25 сантиметри.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -8 до -2 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 0 до 6 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со повремени и послаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 2 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини е можна појава на магла.

Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на дел од повисоките места врнежи од снег.

Exit mobile version