Жители од Гази Баба, Аеродром, Карпош, Сарај, Драчево и Сопиште утре, петок 12 јуни 2026 година, ќе имаат планирани прекини на електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, соопшти Електродистрибуција.

Прекините ќе бидат во различни временски интервали, а најдолгиот е најавен за Аеродром и Карпош до 6 часа.

Распоред на исклучувања по општини:

08:00 – 12:00 часот

  • Драчево: ул. Партизански пат

08:00 – 14:00 часот

  • Општина Сарај: с. Рашче, с. Копаница, с. Бојане, Хлорна станица Рашче, дел од с. Кондово

09:00 – 12:30 часот

  • Гази Баба: ул. 1 и ул. 2 во Нова населба Хиодром

09:00 – 15:00 часот

  • Аеродром: ул. Владимир Комаров

09:00 – 09:30 часот

  • Карпош: дел од потрошувачите на ул. Иван Цанкар

11:00 – 15:00 часот

  • Карпош: дел од корисниците на ул. Ванчо Мицков

13:00 – 15:00 часот

  • Сопиште: ул. 1, од Општината кон Горно Соње

Од Електродистрибуција апелираат граѓаните навремено да ги исклучат чувствителните електронски уреди за да се избегнат можни дефекти при повторното вклучување на напонот

Exit mobile version